Уапсена сопругата на мексиканскиот нарко бос Ел Чапо

Ема Коронел Аjспуро, сопругата на поранешниот шеф на мексиканскиот нарко картел Хоакин Ел Чапо е уапсена во американската држава Вирџинија под обвинение за трговија со дрога, соопшти Министерството за правда на САД

Ајспуро (31) има американско-мексиканско државјанство и е обвинета за шверц на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана во САД.

Судските документи наведуваат дека таа во 2015 година му помогнала на Гузман, кој 25 години беше водач на нарко картелот „Синалоа“, во бегството од мексиканскиот затвор „Алтиплано“.

Американските власти истакнуваат дека таа го испланирала и новото бегство на Гузман од затвор, откако тој повторно беше уапсен во 2016 година.