Русковска: ОЈО нема вина, но страшно е што бегствата ни се повторуваат

Не сакам да шпекулирам каде е пропустот, вели за „360 степени“ шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, откако обвинетиот екс директор на УБК, Сашо Мијалков, веќе два дена е недостапен за полицијата. Таа отфрла одговорност на обвинителството, затоа што, како што вели информацијата за можно бегство ја споделиле уште во саботата.

„Пропусти има и мене апсолутно ми е лично, како мене, не како обвинител не како човек, ми е страшно што ова ни се повтори. И од тие причини бев толку ангажирана и во саботата и во неделата за да не ни се повтори тоа. Така да… е страшно што постојано ни се повторува“,вели Русковска.