Ова се новите цени на поскапените горива

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се зголеми за 1 денар, а дизелот за 0,50 денари.

Новата цена за ЕУРОСУПЕР БС 95 изнесува 64,5 денари за литар, за ЕУРОСУПЕР БС 98 – 66 денари, а новата цена на дизелот е 55 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло (ЕЛ-1) е 44 денари за литар, а на мазутот 34,759 денари за килограм.