За само 15 минути биткоинот изгуби вредност од 8.000 долари

За само 15 минути денеска биткоинот изгуби огромна вредност.  Станува збор за пад од 8.000 долари.

Одлуката на Тесла да сврти 1,5 милијарди долари од своите готовински залихи во Биткоин ја „истрела“ најстарата и најголема криптовалута нагоре за 20 oтсто, а за време на викендот достигна над 58.000 американски долари. После твитот на Маск дека „биткоинот и етериумот му се чинат скапи“, токените нагло паднаа, пишува „Блумберг“.

Биткоинот избриша над 16% и падна на нешто повеќе од 47.000 долари по твитот. За само 15 минути, криптовалутата изгуби 8.000 долари од вредност, а потоа започна да ги враќа загубите.