ЕУ воведува нови санкции за Русија поради апсењето на Навални

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да воведат нови санкции кон Русија по апсењето на опозиционерот Алексеј Навални, потврдија дипломатски извори за ДПА во понеделникот.

Сега може да се започне со работа за избор на целни санкции и за воспоставување законска рамка. Замрзнување на средства или забрани за патување, исто така, може да бидат наметнати за оние кои се занимаваа со затворање на критичарите во Кремлин.

Се очекува ЕУ да го искористи својот нов глобален механизам против кршење на човековите права ширум светот, за прв пат откако е воспоставен.

Унијата прибегна и кон казнени мерки во врска со улогата на Русија во украинскиот конфликт и по труењето на Навални во август.

Русија се закани со одмазда доколку ЕУ воведе нови санкции.

Откако преживеа труење со нервен агенс и се лекуваше во Германија, Навални се врати во Русија кон средината на јануари и веднаш беше уапсен. Потоа беше осуден на затворска казна за кршење на условната казна.

Членките на ЕУ повикаа на негово ослободување, во услови на протести за поддршка на Навални во Русија, за време на кои беа уапсени илјадници луѓе.