МВР ја објави потерницата по Мијалков

Министерството за внатрешни работи на официјалната интернет страница денеска ја објави националната потерница по Сашо Мијалков кој од вчера е недостапен за полицијата.

На поранешниот шеф на УБК вчера му беше определена мерка домашен притвор со 24-часовен надзор, но полицијата од вчера не може да го пронајде. Поради ова, Министерството за внатрешни работи распиша национална потерница, а од Кривичниот суд соопштија дека веќе е одобрено и распишување на меѓународна потерница.

На Сашо Мијалков му се изгуби трагата во пресрет на соопштувањето на пресудата за случајот „Таргет – Тврдина“, случај поради кој на поранешниот прв човек на УБК, поради масовно прислушување и уништување на опремата му се закануваше повеќегодишна затворска казна.