Нов ден, нов рекорд: Цената на биткоинот надмина 58.000 долари

Продолжува да расте цената на Биткоинот. Цената на „дигиталното злато“ порасна за 2,46% за да го надмине прагот од 58 000 американски долари.

Главната причина за континуираната апрецијација на криптовалутата се сигналите дека таа добива признание кај големите инвеститори и компании.

Се повеќе инвеститори одлучуваат да го користат. Една од нив е светски познатата компанија Тесла, која на почетокот на овој месец инвестираше 1,5 милијарди долари во „дигитално злато“.

Биткоинот се очекува во иднина да стане заедничка валута, со која луѓето можат да вршат плаќања во нивниот секојдневен живот.