Луѓето тврдат дека имало лица кои не биле од Трнодол, односно, 15тина биле од Жданец и околу 50 лица од други места, кои биле провокатори.
Полицијата прави записник за физичката пресмета, откако сите граѓани беа изнесени надвор од салата.
Дел од граѓаните реагираа зошто полицијата не го обезбедубала местото, на што добија одговор дека полицијата нема задача да обезбедува мирни настани, каков што требаше да биде и овој.
Атмосферата беше тензична уште на почетокот на закажаното време за презентацијата, но ексалираше во салата не ги собра сите дојдени граѓани.
Жителите на Трдонодл велат дека не даваат дозвола да се донесе тој план. Тие бараат градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев да го повлече Деталниот урбанистички план за дел од Трнодол и да донесе мораториум за градба и издавање дозволи за градба во ризичното подрачје како што се брдата под Трнодол и Жданец. Со планот во Козле се предвидуваат да се градат три згради, за кои Богоев вели дека се предвидени уште со претходниот план и се на приватно земјиште.
Богоев вели дека над Трнодол и Жданец нема да се гради никаква нова населба, ниту ќе се дозволи лизгање на земјиштето.
Видеото од А1он на следниот линк.