Интер го совлада Милан со 3:0 во градското дерби и сега има четири бодови предност на првото место во однос на „Росонерите“. Два гола постигна Лаутаро, еден на асистенција на Лукаку, а еден на Перишиќ. Третиот гол за конечни 3:0 беше дело на Лукаку.
Белгиецот по голот извикуваше нешто, а многумина се прашуваа дали тоа е наменето за Ибрахимовиќ. Имено, Лукаку по голот велеше:
-Јас сум најдобриот, јас сум најдобрио. Ти реков дека тоа е е***о, викаше Лукаку.
Со овој гол Лукаку стигна до бројката 17 во Серие А, со што изби на првата позиција на листата на стрелците во Италија.
Lukaku is now Serie A’s top scorer with 17 goals, one clear of Ronaldo 🔥 pic.twitter.com/CFwaFXw7R1
— ESPN FC (@ESPNFC) February 21, 2021