(ВИДЕО) Уште еден од авионите на „Боинг“  почна да се распаѓа во лет

Делови од авион на авиокомпанијата „Јунајтед“ паднаа во Денвер, откако „боинг 777-200“ морал принудно да се врати на аеродромот поради палење на десниот мотор по полетување.

За среќа никој не е повреден, но сериозноста на овој проблем е голема. Во авионот имало 321 лице и 10 членови на екипажот.

По овој инцидент регистриран е уште еден во Холандија, а во кој повредени се две лица. Метални делови од товарен авион „боинг 747“ почнале да паѓаат на земја, по пожар на моторот, а повредени полесно се две лица.

Холандските власти спроведуваат истрага, а на социјалните мрежи може да се види фотографија на која метален дел од турбината на моторот завршил во автомобил