„Стоп за извршителите“: Да прекине блокирањето на сметките на граѓаните и да има ветинг за извршителите

фото: Аласат-М

Организација „Стоп за извршителите“ на денешниот протест пред Министерството за правда побара да прекине блокирањето на сметките на граѓаните кои имаат застарен долг и да има ветинг за извршителите.

Од Организацијата велат дека блокирањето на сметките на граѓаните не е законски и уставно и е спротивно на Декларацијата за човекови права.

Организаторите посочија дека денеска биле примени на средба од заменик – министерот за правда Оливер Ристовски и им било кажано дека заедно со Министерството за финансии и Народната банка ќе направат луѓето да плаќаат помалку пари за одблокирање на сметките.

Ни одговорија дека работат на членот во Законот за облигациони односи, дека тој член ќе се врати назад дека главницата и каматата не смеат да бидат еден спрема десет, туку еден спрема еден. Значи ако должите илјада денари каматата не смее да надмине илјада денари односно вкупно да платите две илјади денари. Кажаа дека периодот на извршување кој беше и сега е десет години, ќе се намали на две години. Но, велиме ако е така веќе имаме разни долгови кои се стари по девет-десет години и овие две години многу работа нема да завршат. Сепак, се што прават е поместување, не можам да кажам дека нема помрднување од мртва точка. Имаат волја во овие две недели да направат нешто, изјави Ана Глигорова од организацијата „Стоп за извршителите“.