Без кои органи човековиот организам може да функционира?

Човечкото тело е поотпорно отколку што мислевте. На пример, ако донирате половина литар крв, вашето тело брзо ќе ја надополни. Дури и ако останете без поголем дел од некои од органите, сепак можете да преживеете. Луѓето можат да живеат сосема нормално, дури и со само половина мозок, а постојат и органи кои комлетно можат да се извадат, а да немате никакви проблеми, пишува Индепендент.

Слезина

Таа е орган на лимфниот систем. Претставува депо – орган и складира крв, а исто така ги отстранува из*мрените црвени крвни зрнца. Сместена е на левата, горна страна од абдоменот, зад желудникот и под дијафрагмата. Има две страни од кои едната кон дијафрагмата, а другата кон стомачните органи на која се наоѓа влезен отвор. Од тука влегува слезенска артерија, а излегува слезенска вена.

Ако не се третира повреда на слезината и таа искрвари, може да дојде до см*т, но ако целосно се отстрани поради некоја друга причина, човек може да живее, бидејќи улогата што таа ја игра, во голема мера без неа продолжува да ја игра црниот дроб.

Желудник

Желудникот има две главни функции: механичко варење и доситнување на храната и хемиско варењето на храната со киселина која помага да се разградат парчињата од јадењето.

Понекогаш се отстранува со операција поради р*к или друга причина, а во тој случај хирургот хранопроводникот го поврзува директно со цревата. По заздравувањето луѓето можат да јадат нормално.

Репродуктивни органи

Примарни репродуктивни органи се јајниците и тестисите. Овие органи доаѓаат во парови, па ако останете со еден, сеуште можете да имате деца.

Отстранувањето се врши најчесто поради р*к или повреда. Истражувањата покажуваат дека жените по отстранување на јајниците живеат исто долго како и со нив, а на некои мажи по отстранување на тестисите животниот век дури и им се зголемува.

Кај жените исто така може да се отстрани матката, по што повеќе не можат да имаат деца.

Дебело црево

Дебелото црево е долго 1,5 метри, дел е од дигестивниот тракт и се надоврзува на тенкото црево.

Се состои од четири дела: слепо црево, колон, право црево и аналаен канал. Неговата основна функција е апсорпција на вода и собирање на несакани остатоци што се претвораат во фекалии.

Понекогаш, поради болест, треба да отстрани еден дел од него или целото. Луѓето обично по операцијата се целосно опоравуваат, но можно е да постои потреба да ја прилагодат храната што ја внесуваат.

Жолчното кесе – Жолчка

Жолчното кесе лежи под црниот дроб на десната страна на абдоменот, веднаш под реброто. Црниот дроб создава жолчна течност за да ја помогне со разградување на маснотиите и оваа течност се чува во жолчката.

Понекогаш се појава на камен/ња воа жолчката, па постојат случаи кога таа мора да се отстрани.