Реал Мадрид го искористи киксот на Атлетико и повторно е кандидат за титула

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Ваљaдолид со 1:0 во 24-то коло од шпанската Примера.

Избраниците на Зинедин Зидан повторно се намачија на гостувањето во Ваљaдолид, бидејќи го скршија отпорот на ривалот само во 65. минута, кога Каземиро го постигна единствениот гол на натпреварот.

Со оваа победа Реал се доближи уште повеќе до Атлетико Мадрид, кој денес загуби од Леванте на домашен терен со 2:0.