Николов: Македонците треба да му направат статуа на Пандев

Во интеревјуто за “Телекомспорт.ро“ нашиот репрезентативец Бобан Николов говореше во суперлативи за својот репрезентативен капитен Горан Пандев.

“За успехот на Пандев веројатно своја заслуга има тоа што тој пие многу вода и јаде многу киви. Кога имав само 20-ет години во репрезентацијата ме зеде под свое што се вели. Македонците треба да му направат статуа на Пандев. Искрено не знам дали во иднина ќе има таков играч како него кој ќе освои се што освои Пандев. Кога разговаравме пред извесно време тој ми напомена дека ако може ќе ги даде сите свои титули само за да направи нешто големо се својата репрезентација, и ете се пласиравме на ЕВРО 2020“ изјави Николов.