Пазарот на криптовалути повторно расте, а сопствениците на дигитални монети ги тријат рацете од задоволство додека вредноста на нивните средства скока од ден на ден.
Најновите податоци покажуваат дека денес крипто-валутата „Ethereum“ достигна нов максимум и надмина 2.000 долари.
Зошто скока вредноста на Ethereum?
Како една од причините за растот на вредноста на Ethereum, експертите од оваа област наведуваат дека повеќето крипто-валути во моментов растат на пазарот, предводени од најпопуларниот Bitcoin, така што Ethereum е исто така дел од овој тренд.
Цената на биткоинот минатата вечер премина уште една граница, па околу 2:15 часот со најпопуларната криптовалута во светот се тргуваше по цена од 56.400 долари. Утрово, вредноста на биткоинот е околу 55.500 долари.
Најоптимистичките предвидувања велат дека следната граница на Ethereum може да биде дури 2.600 американски долари.