Славески: Економија е исцрпена, не случајно Владата најави дека ова е последен пакет на антикризни мерки

Трајко Славески во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за целата ситуација со КОВИД-19 во земјата и посочи дека Македонија е земја која полека се исцрпува и не случајно владата навести дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плата во висина од минималната плата.

-Најважна мерка треба да биде сузбивање на пандемијата, со сите можни средства, продолжување дури можеби и зајакнување и воведување на поригорозни мерки. Како што гледаме сега од ден во ден се зголемува бројот на дијагностицирани лица, се зголемува бројот на починати лица, на хоспитализирани лица. Во некои центри во Република Македонија жаришта на кризата како што е на пример Прилеп гледаме дека веќе се полнат болничките капацитети, се враќаат модуларни одделенија и така натаму. Нема простор за опуштање. Ние сме една од земјите полека се исцрпуваме и не е случајно она кое владата го навести, а тоа е дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плати во висина на минимална плата овие два месеци што би се покриле со петтиот пакет месеците февруари и март, рече Славески во своето гостување.

Понатаму Славески во своето гостување говореше за мерките кои ги превзема власта за надминување на кризата и укажа дека државата користела позајмени средства кои ќе треба да се враќаат со релативно високи камати. Имено Славески објасни дека главната забелешка е дека планирањето, таргетирањето на мерките било многу слабо.