(ВИДЕО) НБА ѕвездата Јокиќ со емотивна порака се прости од легендарниот Балашевиќ

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар за Денвер, а по натпреварот со Кливленд ја искористи можноста да се збогува со Балашевиќ.

Јокиќ забележа нов трипл-дабл против Кливленд, но тој призна дека неговите емоции биле измешани, поради смртта на легендарниот српски кантавтор и пејач.

– Емоциите ми беа измешани. Не стигнав да го запознаам, да му се заблагодарам за тоа што ми помогна да ја „изневерам“ мојата сегашна жена за да ми биде девојка, а сега и сопругата. Жал ми е за тоа и мислам дека ова е голема загуба за сите нас кои го сакавме – рече Јокиќ за РТС.

Јокиќ постигна 16 поени, 12 скока и 10 асистенции на мечот со Кливленд, но Jamамал Мареј го засени сето тоа со 50 поени.