Ново зголемување на дневниот број на заразени со коронавирусот во Бугарија, но и рекорден број вакцинирани.
Според последниот извештај, 1.463 се новорегистрирани случаи од 13.303 тестирања. Така, процентот на позитивни примероци е 10,99 проценти. Повеќето нови случаи се во Софија, Бургас и Пловдив.
Аплицирани се повеќе од 13.000 дози од вакцината против Ковид-19 во последните 24 часа, со што вкупниот број на примени вакцини е 104.268.