Михајловиќ: Јас и Ибра ќе пееме на фестивалот Санремо

Михајловиќ вчера одржа прес-конференција во пресрет на денешната пресметка со Сасуоло во Серија А, а тој особено се осврна на неговиот однос со Златан Ибрахимовиќ.

Српскиот тренер на прес-конференцијата потврди дека двајцата ќе настапат на култниот музички фестивал Сан Ремо, што ќе се одржи од 2 март годинава.

“За среќа, нема да има публика. Замислете го нередот: Ибра и јас, двајца Цигани, пееме на сцената. Не знам што ќе биде”, рече Михајловиќ и додаде:

“Пеењето и танцувањето се две работи во кои сум најлош. Јас сум многу лош во пеењето. Не знам колку ужасно ќе биде, но знам дека луѓето ќе се смеат. Ибра лошо пее, но тој танцува подобро, го видов на видеото како пее српска песна “.

Михајловиќ неодамна настапи како гостин во италијанската верзија на шоуто Танц со Sвездите, а сега ќе си ја испроба и пеењето.