80-годишниот Дедо Мраз ги радува децата

Додека многу деца нестрпливо го чекаат Божиќното утро за да ги отворат своите подароци, за жал, има и такви кои нема да добијат никаков подарок. Има семејства кои се борат да сврзат крај со крај и не можат да ставаат подароци под елката. За среќа, постојат луѓе во светот кои се подготвени да шират љубезност и да им помогнат на семејствата кои имаат потреба.

Еден од овие луѓе е 80-годишниот ветеран Џим Анис. Тој ја користи секоја празнична сезона за да им помогне на оние на кои им треба најмногу помош. Токму поради тоа, изминативе 50 години Џим прави играчки за децата од загрозените семејства.

Секоја година, Џим прави околу 300 дрвени играчки и ги донира во организацијата Salvation Army. Дел од материјалите за играчките ги собира од соседите, а за дел плаќа од неговиот џеб. Овој подвиг го чини Џим околу 1.000 долари годишно, но него не му се важни парите, туку среќата на детските лица.

Џим вели дека знае како е едно дете да не добие новогодишен подарок, бидејќи биле 5 деца во семејството, а неговиот татко не заработувал доволно .

Некои од играчките што тој ги прави се противпожарни возила, кукли, па дури и касички за пари во форма на свињи. Тој се надева дека ќе продолжи да го прави ова онолку долго колку што може.