Нов ден, нов рекорд: Вредноста на Биткоинот надмина 52.000 долари

Биткоинот ја надмина вредноста од 52.000 долари утрово во 9 часот, така што оваа најпопуларна криптовалута се тргуваше по цена од 52.150 американски долари.

За потсетување, биткоинот вчера скокна за нивото од 51.700 долари за прв пат во историјата, што е кулминација на оптимизмот што трае речиси две цели недели.

Овој раст е придвижен од компанијата MicroStrategy  која деновиве објави дека ќе купи нови 600 милиони долари во биткоини со издавање на конвертибилни обврзници, со рок на достасување во февруари 2027 година.

Се повеќе компании одлучуваат да претворат долари во криптовалути, а најзвучниот потег секако го направи Елон Маск, кога Тесла вложи дури 1,5 милијарди долари во биткоин. На сите скептици во корпоративната Америка, Маск рече дека биткоинот станува посакуван магацин со вредност во време кога централните банки печатат пари со вртоглаво темпо.

Порастот на биткоинот принуди многумина да признаат дека погрешиле во контекст на криптовалутите.