Пратеничката и потпретседател на Собранието, Фросина Ременски претпладнево во обвинителството даваше исказ за случајот „Рекет 2“, како дел од раководството на организацијата Меѓународен сојуз на Боки 13.
Таа исказ даваше околу два часа.
Денеска во обвинителството дадовме одговори и појаснувања и ги расчистивме сите прашања кој што се во тој конекст како дилема на Јавното обвинителство и сметаме дека врз основа и на исказите и врз основа на прибраните докази, Јавното обвинителство ќе цени да ја запре постапката кон мене, изјави Ременски по излегувањето од обвинителството.
По излегувањето од обвинителството, Ременски кажа дека добила решение дека истрагата за неа е завршена и очекува Јавното обвинителство да ја запре постапката против неа.
Ременски по увидот во доказите за „Рекет 2“: Видов се, но не и докази