Со текот на времето усните се намалуваат: Забавете го процесот со овие трикови

Усните стануваат се потенки и губат влага, што доведува до нивно сушење, па нивниот целокупен изглед и боја може да се променат.

Кожата околу усните е екстремно тенка, скоро како онаа околу очите, па затоа знаците на стареење често ќе се забележат прво на тој дел од лицето. Сепак, не секој знае дека волуменот на усните со текот на годините се намалува.

Имено, усните се состојат од два дела, кожата на усните и оралната мукоза, која содржи црвен пигмент, па затоа е одговорна за разликата помеѓу бојата на усните и бојата на остатокот од лицето.

Како што старееме така усните стануваат потенки и губат влага, што доведува до нивно сушење, па нивниот целокупен изглед и боја можат да се променат. Ова се должи на намаленото ниво на колаген во кожата, кое веќе во 20-тите години почнува да опаѓа за околу еден процент годишно.

Што советуваат експертите:

Додадете малку колаген во вашата кожа. Иако загубата на колаген со возраста е неизбежна и природна појава, истражувањата покажаа дека колагенот, кој се зема преку додатоци во исхраната, исто така има ефект врз фибробластните клетки, односно клетките одговорни за производство на колаген и еластин во кожата. Студиите исто така велат дека тие потоа можат да ја подобрат еластичноста на кожата, хидратацијата, но и густината на кожата. И, за да бидете сигурни дека нема да го забрзате губењето на пигментот на усните самостојно, секогаш штитете ги усните од УВ зрачење и чад од цигари.

Заштитата на усните од сонцето е исто толку важна како и заштитата на лицето – вели естетската медицинска сестра Сана и советува да барате производи за сончање што содржат титаниум диоксид или оксид на цинк и други активни состојки.