Во утринското гостување во емисијата Добро утро на „Алфа ТВ“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дела сакаат да испратат амбасадори, но во исто време тие лица не ги исполнуваат условите од Законот кои што самите го предлагаат.
Така да крајно дволично е вие да предлагате амбасадори по стариот закон затоа што знаете дека по новиот не ги исполнуваат условите, а веднаш потоа да сакате да донесете нов закон, што е срамота и брука за Македонија како држава и е срамота кон државите во кои се испраќаат амбасадори бидејќи го гледаат несериозниот однос, рече Александар Николоски.
Според Николоски, дури ни министерот за надворешни работи Димитров не ги исполнува условите за да биде амбасадор според новиот закон кој што тие го предлагаат. Николоски смета дека основата на македонската дипломатија, односно на амбасадорите треба да е привлекување на инвеститори и стилулирање на извоз, што не било случај изминатите три години.
12 од предложените19 амбасадори се албанци, се пофали Бујар Османи