Боинг 737 Макс е приземјен од март минатата година, но продолжи со производство на моделот. Сепак компанијата „Боинг“ одлучи дека од јануари 2020 година привремено го прекинува неговото производството.
Одлуката е донесена откако федералната воздухопловна управа одби да одобри враќање на авионот во употреба пред 2020 година после двете несреќи во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.
Два авиона од тој модел се урнаа во Индонезија и Етиопија, откако било пријавено дека имаат проблем со новите функции
Од компанијата наведуваат дека нема да отпуштат ниту еден од 12.000 вработени, но се очекува дека прекинот на производството ќе се одрази врз добавувачите на делови.
„Безбедно враќањето на 737 Max во употреба е наш главен приоритет“, изјавува производителот на авионите.