Денеска Кина ги повика САД да и овозможат на Светска здравствена организација „да го истражи потеклото на тамошното избивање на епидемијата со Ковид-19.
Барањето на Пекинг уследи откако СЗО го заврши теренското истражување во кинескиот град Вухан.
– Сакаме американската страна како Кина да застапува отворен и транспарентен став и да ги повика експертите од СЗО во САД да спроведат истражување и контрола на потеклото на коронавирусот, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.
Тимот на СЗО на вчерашната прес-конференција во Вухан соопшти дека малку веројатно е Ковид-19 да потекнува од лабораторија и оти најверојатно трансмисијата на вирусот е од лилјаците на човекот.



