Цената на биткоинот со неверојатен раст по инвестицијата на Елон Маск

Биткоинoт достигна рекордно високо ниво од скоро 45.000 американски долари (УСД) по значителната инвестиција на производителот на електрични автомобили Тесла, Елон Маск.

Инвестицијата од 1,5 милијарди долари на компанијата на Маск ја придвижи крипто валутата кон нови неверојатно високи цени.

Виртуелната валута станува се попривлечна за време на пандемијата. Од почетокот на годината, вредноста на биткоинот се зголеми за скоро 50%. Прогнозите се за долгорочен раст.