Шест намирници кои ќе ве направат посреќни и расположени

Бразилски орев

Бразилските ореви се производ со најголема содржина на селен. Истражувањата покажаа дека луѓето на кои им недостасува оваа супстанца се повеќе склони кон депресија, раздразливост и хроничен замор. Доволно е само три ореви на ден.

Остриги

Овој деликатес на морска храна е познат не само по својот уникатен вкус, туку и по високата содржина на цинк, неопходен за репродукција на енергија и мозочна функција. Покрај тоа, овие школки придонесуваат за создавање на тирозин во организмот, аминокиселина која помага при ублажување на нервната напнатост. Само три парчиња се доволни за подобрување на расположението.

Банани

Бананите се складиште на корисни микроелементи. Меѓу другите – аминокиселини триптофан, како и витамини А, Б6 и Ц, растителни влакна, калиум, фосфор, железо и здрави јаглехидрати. Здравите јаглехидрати помагаат во апсорпција на триптофан, додека витаминот Б6 го претвора во серотонин, кој е одговорен за расположението. Половина банана наутро – и вие сте среќни.

Леќа

Тоа е комплексен јаглени хидрати, така што леќата, како и бананите, го забрзува производството на серотонин. Исто така, помага во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, притоа одржувајќи го расположението. Покрај тоа, леќата е богата со фолати и железо. Дневната доза е половина чаша.

Темно чоколадо

Најпознат начин за подигнување на расположението е парче чоколадо, но во неговото најтемно издание и во умерена количина. Една неодамнешна студија во која 30 луѓе земаа 40 грама црно чоколадо за 14 дена, откри дека нивото на стресни хормони е намалено.