Грција ја продолжува забраната за влез на странци во земјата

Грција ја продолжи забраната за влез во земјата, а прашање е дали ќе може да се влезе во Грција и после тоа.

Според новата одлука, сите мерки што важат за влез на странски државјани во Грција се продолжуваат до 22 февруари 2021 година.

Во исто време, мерките во Грција се уште построги од вчера, така што земјата е под полициски час од 18 до 6 часот наутро. Објектите за храна, аптеките и бензинските пумпи ќе бидат отворени од 7 до 17 часот.