(ВИДЕО) Сѐ повеќе се практикува јога за очи

Ако некој пред неколку години кажеше дека ќе дојде време кога концептот на јога за очите ќе изгледа целосно примамливо, веројатно никој немаше да поверува во тоа. Но, по 2020 година и сè што донесе со себе, апсолутно сме заинтересирани за секој понуден начин на релаксација. Па, судејќи според социјалните медиуми, се чини дека јогата за очи можеше да стане еден од поголемите трендови на годината. Сѐ поголем број корисници на Инстаграм, како и на Тикток, објавуваат видеа во кои ги демонстрираат вежбите и ги опишуваат придобивките што доаѓаат со истегнување на мускулите околу очите; од болка во вратот кај секој што работи на компјутер до општо подобро чувство и подобар фокус.

Јогата за очи може да се комбинира со класични јога-вежби или самостојно, додека седите удобно на каучот. Сè заедно е многу едноставно (движењата вклучуваат само гледање настрана или превртување на очите), трае кратко време, што е повеќе од доволна причина секој да проба и на своја кожа да ги почувствува придобивките.

Чисти раце за да се направат кружни движења околу очите, нежна масажа, спротивни движења со очите, замислување на часовник пред себе и кружно следење на бројките, фокус наблиску, фокус надалеку, следење на сопствениот палец, кој сами го движите пред себе, покривање на очите и постепено откривање кон светлината и слично се само некои од вежбите.

Извор: Новамакедонија