Русија од февруари ќе казнува новинари кои ќе бидат етикетирани од властите како „странски агенти“

Рускиот претседател потпиша документи за утврдување казни за кршење на законот за странски агенти.
Новите казни доаѓаат две недели откако Путин потпиша закон со кој им се дозволува на властите да ги карактеризираат одделните новинари и блогери како „странски агенти“.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за затворски казни и казни за лица и организации што го прекршуваат законот за странски агенти, јавуваат новинските агенции.

Според текстот објавен во системот на информации на државните закони, за лицата кои го кршат Законот за странски агенти ќе им се изрече глоба во износ од 10.000 рубли (143 евра) до 100 000 рубли (1.430 евра), или затвор од петнаесет дена.

Во случај на организации, предвидени се парични казни од 500.000 рубли (7.146 евра) до пет милиони рубли, или приближно 71.500 евра.

Според „Москва тајмс“, новите казни се усвоени две недели откако Путин потпиша закон кој им дозволува на властите да ги карактеризираат одделните новинари и блогери како „странски агенти“.

Од 1 февруари 2020 година, сите лица кои дистрибуираат информации на Интернет и се плаќаат од странски извори или едноставно се дистрибуираат од странски медиуми, можат да бидат етикетирани како „странски агенти“.