Бројот на патници во авиосообраќајот во светот опадна за 66 проценти во 2020 година во споредба со 2019 година.
Тоа е пад без преседан предизвикан од последиците од пандемијата на коронавирусот, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).
„Тоа е најголемиот шок што го доживеал секторот некогаш“, рече Брајан Пирс, главниот економист на организацијата, на видео конференција.
ИАТА предупреди и дека изгледите за закрепнување во 2021 година се влошија поради појавата на нови соеви на коронавирусот, иако прогнозите за оваа година не се официјално ревидирани надолу.