Филипче: Вакцинацијата ќе започне со 200.000 кинески вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека вакцинацијата против Kовид-19 во земјава ќе започне со кинеските вакцини за чија набавка разговорите се во завршна фаза. Се работи за 200.000 вакцини за кои транспортот ќе го организира Министерството за здравство.

Тој рече дека не сака да шпекулира со точниот датум кога вакцините ќе пристигнат, но нагласи дека тоа ќе биде многу скоро потенцираше дека први за вакцинација ќе бидат здравствените работници, по што ќе следуваат и сите други категории граѓани.