Безос се повлекува од функцијата извршен директор на Амазон

Џеф Безос ќе се повлече од функцијата извршен директор на Амазон подоцна оваа година, откако гигантот за технологија и е-трговија објави рекорден раст на профитот и приходите за време на четвртото тримесечје.

Компанијата соопшти дека Енди Иаси, кој е на чело на веб-услугите на Амазон, е номиниран за извршен директор.

„Возбуден сум што можам да објавам дека Енди Џеси ќе стане новиот извршен директор. Планирам да ја фокусирам енергијата и вниманието на новите производи и иницијативи“, напиша Безос во мејлот до вработените.

Џеси е во Амазон од 1997 година.

Безос, кој стана најбогатиот човек на светот врз основа на својот удел во Амазон, рече дека ќе се повлече од местото извршен директор на компанијата во третиот квартал оваа година и ќе премине на функцијата извршен претседател.

„Амазон е она што е, благодарение на иновативноста“, рече Безос.