Кои се придобивките во вашиот организам доколку секој ден јадете лук

Лукот е храна на која и се припишуваат најмногу „магични својства“. Неговиот корисен ефект врз здравјето е повеќекратен, помага при бројни заболувања, а единствениот недостаток (иако не мислат сите така) е неговиот мирис.

Неодамна, списанието “Апетит” објави статија за тоа како мажите стануваат попривлечни за жените 12 часа по земањето на оваа храна или додатоци на лук. Дали ова е вистина или не, треба да се провери, но докажано е дека има придобивки од честиот внес на лук, вели рускиот нутриционист Алексеј Сис.

А, еве што би се случило доколку јадете по две чешниња лук секој ден …

1. Крвниот притисок се нормализира

Најголем процент на смртни случаи во светот се должи на кардиоваскуларни заболувања. Срцев удар и мозочен удар се само последици од хипертензија, односно висок крвен притисок. Како што покажаа бројни студии, лукот може да го намали крвниот притисок кога се консумира редовно.

Но, не заборавајте прво да проверите кај вашиот лекар дали ви препорачува да го земате секој ден, предупредува нутриционистот.

2. Холестеролот се намалува

Високиот холестерол е исто така еден од факторите кои влијаат на развојот на кардиоваскуларните заболувања. Зголемениот холестерол се таложи на ѕидовите на крвните садови, како резултат на што тие се стеснуваат, притисокот се зголемува …

„Една од состојките на лукот, активира одредени ензими во крвта и ги уништува масните наслаги“, објасни експертот.

3. Имунитетот се подобрува

Истражувањата покажаа дека оние кои редовно јадат лук имаат 63 проценти помали шанси да „настинат“. А ако се заболат, тие се опоравуваат побрзо и полесно.

“Лукот има антибиотски својства, за кои нутриционистите веруваат дека се должат на неговата висока содржина на сулфур. Лукот помага во спречување на настинка со зајакнување на имунитетот на личноста. Сето ова се должи на присуството на витамини, масти и аминокиселини во неговиот состав, како и алицин, хемиско соединение кое убива бактерии и габи “, забележува Алексеј Сис.

4. Енергијата се крева

“Во античка Грција, кога никој не знаел за допинг, олимписките атлетичари земале лук, поради што имале многу подобри резултати од нивните ривали. Покрај тоа, оваа храна била корисна за оние кои не спортуваат, бидејќи го намалувала заморот. Се зголемувала продуктивноста и им помогнала полесно да го издржат студот“, вели лекарот.

Денес е откриено дека консумирањето лук ја зголемува и издржливоста.

5. Очекуваниот животен век е продолжен

Научниците веруваат дека намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни и заразни болести е важен фактор кога станува збор за продолжување на животниот век, бидејќи овие болести се главните причини за смрт. Повеќето хранливи материи се наоѓаат во свежиот лук. За да се добие максимална количина на алицин, супстанца што помага да се уништат габите и штетните микроби, лукот мора да се исецка или да се остави да „дише“ некое време, а потоа да се јаде.

6. Токсините се излачуваат

Повторно, сулфурот е одговорен за оваа здравствена корист. Способноста на лукот да ги отстранува тешките метали од телото е тестирана на вработените во фабриката за батерии. Утврдено е дека јадењето лук го намалува нивото на олово во крвта за 19 проценти. Испитаниците, исто така, забележале подобрување на целокупното здравје: главоболките биле намалени и крвниот притисок бил намален, вели нутриционистот, пренесува Мондо.