Нејмар се предомисли сака да остане во ПСЖ

Бразилската ѕвезда Нејмар, кој претходно сакаше да си замине од Париз, сега вели дека сака да остане во францускиот клуб. Нејмар нема намера да го напушти ПСЖ, вели дека е среќен во францускиот клуб и сака да остане таму.

„Многу сум среќен. Работите се променија многу, не можам дда објаснам зошто, дали е до мене или нешто друго се промени. Но денеска се чувствувам добро. Се адаптирав. Посмирен сум и сум многу среќен тука. Сакам да останам во ПСЖ и се надевам и дека Мбапе ќе остане. Се разбира тоа е желба на секој навивач на ПСЖ“.

Тој додаде дека сака ПСЖ да биде голем тим.