Пратеникот Стерјовски побара од Албанскиот парламент православен Божиќ да биде државен празник

Пратеникот од македонска националност во албанското Собрание, Васил Стерјовски, кој е прв етнички македонец избран во албанскиот парламент, вчера информираше дека и официјално поднел барање 7 јануари – Божик по Јулијанскиот календар, да биде прогласен за државен празник во Република Албанија.

„Денес во албанското Собрание го поднесов предлог-законот „За изменување и дополнување на законот за официјалните празници и спомен денови “. Преку овој амандман, предлагам албанското Собрание да го прогласи за официјален празник во Република Албанија:

• 7-ми јануари како Ден на Божик според Јулијанскиот календар за македонско, српско и црногорско национално малцинство од православна вероисповед.“

-Божик е еден од најважните празници за православните христијани и за таа цел, неговото славење на достоинствен начин е неопходност за сите припадници на македонското, српското и црногорското национално малцинство од православна вероисповед во Албанија, напиша Стерјовски.

Во прилог на оваа иницијатива, своја поддршка даде Советот на општина Пустец, кој смета дека е многу неопходно, со оглед на фактот дека Општина Пустец е населена со 100% македонско население од православна вероисповед и православните празници жителите на оваа општина го слават Божик според Јулјанскиот календар. Поддршка на оваа иницијатива дадоа и здруженијата кои ги поддржуваат интересите на македонското, српското и црногорското национално малцинство во Албанија, како и Државниот комитет за малцинства, напиша Стрејовски на фејсбук.

Денес во албанското Собрание го поднесов предлог-законот „За изменување и дополнување на законот бр. 7651. од 21.12.1992…

Posted by Vasil Sterjovski on Monday, December 16, 2019