Земјотрес регистриран на 8 километри од Кичево

Земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтер е регистриран во единаесет часот и 34 минути на осум километри од Кичево.

Земјотресот е лоциран на два километри длабочина. Оваа седмица во Македонија беа почувствувани повеќе земјотреси и тоа во западните делови од државата.