Вучиќ: До почетокот на март Србија ќе добие уште 1 милион вакцини против Ковид-19

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека до почетокот на март во Србија ќе бидат доставени уште еден милион вакцини против ковид-19.

Во видео порака, Вучиќ изјави дека договорите не се само договори „според кои Србија обезбедила 6,5 милиони вакцини“, туку „вистински вакцини“.

„Добив потврда од наши пријатели дека ќе обезбедиме скоро уште милион вакцини во неколку фази, до крајот на февруари и март“, напиша Вучиќ.

Тој додаде дека е горд на граѓаните на Србија затоа што тие ја разбрале важноста на вакцинацијата.