Намалување на бројот на вработени во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 95.8.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање од 3.8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.3 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 4.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.0 %, Капитални производи за 0.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 95.4.