ООН: Парите што ги собраа десетте најбогати за време на пандемијата може да ги платат вакцините за целиот свет

Парите што ги собраа десетмина од најбогатите милијардери за време на пандемијата ќе бидат доволни за да ги платат вакцинациите ширум светот, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Извештајот на британската невладина организација Оксфам оваа недела покажа дека парите собрани за време на кризата од страна на десетте најбогати милијардери во светот ќе бидат повеќе од доволно за да се спречи осиромашувањето како резултат на пандемијата, рече тој.

За време на пандемијата најбогатите беа збогатени со 255 милијарди долари.

Овие пари можат да платат за КОВИД-19 вакцинација на секого и насекаде, рече Гутереш.