Родители на ученици од втора година гимназија, останале запрепастени од тоа што пишува во учебникот по Социологија, конкретно во лекциите на тема криминал: „Она што му дава на женскиот криминал специфични својства е тоа што постојат исклучиво женски ( абортусот и чедоморството)“.
Подоле во лекцијата е појаснето дека жените учествуваат во криминал во помал процент, бидејќи се поплашливи, повоздржани, чувствуваат одвратност кон злосторствата и имаат појака психичка структура од мажите.
Дино Мерлин со хонорар од 100.000 евра на скопски плоштад
Босанскиот пејач Дино Мерлин ќе пее на Плоштадот Македонија во Скопје, на дочекот на Нова година.
Настапот на Мерлин се најавува два и пол месеца порано за да може сите обожаватели на неговата музика да можат навреме да ја испланираат Новата 2020 година, а исто така се очекува голем број туристи од регионот да дојдат на дочекот во Скопје.
(ВИДЕО) Македонското знаме и Елиф Елмас на календарот на Наполи
Македонското знаме во кореографијата на календарот за 2020 година на фудбалскиот клуб Наполи. Веднаш до девојката што го носи фустанот со македонското знаме е и македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас кој игра за Наполи.
Прочитајте повеќе и погледнете го видеото….