Дино Мерлин со хонорар од 100.000 евра на скопски плоштад

Босанскиот пејач Дино Мерлин ќе пее на Плоштадот Македонија во Скопје, на дочекот на Нова година.

Настапот на Мерлин се најавува два и пол месеца порано за да може сите обожаватели на неговата музика да можат навреме да ја испланираат Новата 2020 година, а исто така се очекува голем број туристи од регионот да дојдат на дочекот во Скопје.

Според српските медиуми, хонорарот на Дино Мерлин за Нова година на скопскиот плоштад изнесува 100.000 евра.

Порталот Курир.рс ги објавија хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната ноќ. Така, покрај Дино Мерлин најмногу ќе добие Здравко Чолиќ кој исто така за една вечер ќе земе 100.000 евра.