Црна Гора со голем број на заразени од коронавирусот, 563 нови случаи и 6 починати

Во Црна Гора, во последните 24 часа се тестирани 1.818 примероци за коронавирусот, меѓу кои се регистрирани 563 новоинфицирани, а пријавени се и шест смртни случаи.

Од шестте починати, тројца пациенти се од Подгорица и по еден од Никшиќ, Херцег Нови и Котор, од кои најмладиот имал 51, а најстариот имал 82 години.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со КОВИД-19 е 783.

Вкупниот број на активни случаи со КОВИД-19 во Црна Гора е 7.730.

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирусот во земјата е 59.825.