Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Врнежи на снег со слаб интензитет има во Прилеп и на планинскиот премин Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.