Бројот на заразени од коронавирусот во светот надмина 100 милиони, а починати над 2.1 милиони

Во светот од почетокот на пандемијата до денес бројот на регистрирани случаи со Ковид-19 достигна 100,639,641 заразени.

Вкупниот број на починати од коронавирусот изнесува 2,161,038 а оздравени се 72,586,590 лица според податоците на „worldometers“.

Како активни случаи се водат 25,889,569.

Најмногу заразени од почетокот на пандемијата 25,934,924 има во САД, каде бројот на починати достигна 433,637лица.

Потоа по бројот на заразени следуваат Индија и Бразил со 10,689,268, односно 8,881,853 заразени.

Русија со 3,756,931 заразени од почетокот на пандемијата, се наоѓа на четврто место каде бројот на починати изнесува 70,482. Велика Британија по бројот на заразени е петта во светот со 3,689,746 заразени и 100,162 починати.

Во десетте земји со најголем број на заразени со коронавирусот се наоѓаат и Франција, Шпанија, Италија, Турција и Германија.