Научниците развиваат вакцина против алергии на мачки

Научниците од Универзитетот Сеченов во Русија развиваат вакцина против алергии на мачки, која може да се пушти оваа година, јави ТАСС, повикувајќи се на ректорот на училиштето.

“Во моментов подготвуваме алергени против алергии на мачки. Тие се практично подготвени и ако пандемијата на коронавирусите не ги попречи нашите планови, вакцината може да се појави оваа година”, изјави за новинарите Пјотр Глибочко, пренесе БТА.

Ректорот на универзитетот Сеченов истакна дека истражувањето за вакцината е завршено, а веќе се водат преговори за нејзино пуштање за вакцинација. Сепак, документите за нејзината регистрација се уште не се доставени.