(ФОТО) Руски научници ја објавија првата фотографија од британскиот вид на коронавирус

Научниците од руската федерална агенција и надзорно тело за јавно здравје, тврдат дека тие први направиле микроскопска фотографија од новиот британски вид на коронавирус.

Националниот истражувачки центар „Вектор“ стана првиот во светот што го фотографираше новиот вид на британскиот коронавирус во декември 2020 година.

Фотографија на вирусот под микроскоп е направена за време на истражувањето на новиот вид на коронавирусот, вклучувајќи ги структурните карактеристики и нивните изразувања во клеточни култури и експериментални модели со употреба на лабораториски животни, се вели во соопштението.

Руски научници исто така тврдат дека развиле PCR тестови кои можат да го откријат нов вид на коронавирус.