Со 61 глас Насер Зибери избран за нов Народен правобранител

Со 61 глас „за“ и ниту еден глас „против“ вечерва во Собранието на Република Северна Македонија, за нов Народен правобранител беше избран правникот Насер Зибери.

Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години.