(ФОТО) Се појави досега необјавена 30 години стара фотографија од Моника Белучи

Актерката со италијанско потекло е родена 1964 година, својата кариера ја започна како модел, глумеше во италијански филмови, а наскоро кариерата ја продолжи во Холивуд.

На профилот „ History.jpg “ на „Instagram“, кој објавува фотографии од минатото, се појави фотографија од актерката Моника Белучи.

На 30 години старата фотографија, Моника Белучи изгледа прекрасно во црвен фустан и сите погледи се свртени кон неа. Убавата актерка сепак и денеска изгледа скоро исто како тогаш.